Македонија

SPARE Активности во Македонија

Активностите се имплементирани во рамките на два проекта
• Енергетско ефикасна општина, одржлив развој во енергетскиот сектор во локалните општини
• Едукација на младите за климатски промени

Активностите се имплементирани во три општини
• Општина Јегуновце
• Општина Шуто Оризари
• Општина Гази Баба

Проект: Енергетско ефикасна општина, одржлив развој во енергетскиот сектор во локалните општини
Период: 01.03.2006-31.03.2009

Општина Јегуновце
Општина Јегуновце се наоѓа во близина на Тетово, 40 км од Скопје. Општината има 17 села и повеќе од 10 000 жители. Населението се состои од 53% Македонци, 43% Албанци, 2% Срби о 2% останати.

Општина Шуто Оризари
Општина Шуто Оризари е типичен пример на мултиетничка македонска општина. 79% од локалното население се Роми (најмаргинизирана група во Македонија), 12% Албанци, 7% Македонци и 2% останати, населени во овој дел од главниот град на Државата.

Проектни Актиности
• Програма за едукација и активности
• Енергетски заштеди во домовите
• Енергетско ефикасно осветлување
• Обновливи извори на енергија

Партнер Организации
• Norges Naturvernforbund – Норвешка
• Општина Јегуновце
• Општина Шуто Оризари
• Nansen Dialogue Center – Македонија

Финансиран од
• Министерство за Надворешни Работи – Норвешка
• ГЕФ/ПМГ Македонија

Техничка компонента
• 4600 метри силиконски ленти поставени при изолација на објектите во општините
• 130 големи затворачи поставени за затворање на прозорците
• 15 мали затворачи поставени за затворање на прозорците
• 970 енергетско ефикасни сијалици се поставени, од 21W и 24W спрема потребите во објектите
• 450 енергетско ефикасни сијалици за улично осветлување
• 4 сончеви системи за топла санитарна вода се поставени со вкупна површина на панелите од 24 м квадратни.
• Замена на 250 м. квадратни на скршено стакло во училиштата во општините
• Поставени се 20 автоматски затворачи за врати
• Поставени се 7 енергетско ефикасни панелни конвектори

Едукативна компонента:

• На работилниците за енергетска ефикасност присуствуваа вкупно 56 волонтери, на кои им беа објаснети техниките за енергетска ефикасност во јавните објекти и во домаќинствата. (до Мај 2007)
• На работилниците за сончева енергија присуствуваа 33 волонтери кои им беа прикажани поволностите од обновливите извори на енергија. (до Мај 2007)
• Дистрибуирани се 3000 налепници со едукативна содржина
• 700 СПАРЕ Прирачници за енергетска ефикасност се испечатени и дистрибуирани (400 на Македонски, 200 на Албански и 100 на Ромски јазик)
• 2300 постери со едукативна содржина за енергетска ефикасност се дистрибуирани во општините.

СПАРЕ материјалите (на македонски, албански и ромски јазик) се достапни на:
http://www.proaktiva.org.mk/index_SPARE.htm

Објекти/Институции вклучени во проектот:
• Основно училиште – Јегуновце – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Јанчиште – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Раотинце – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Шемшево – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Ратае – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Прељубиште – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Озормиште – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Вратница – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Старо Село – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Орашје – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Рогачево – Општина Јегуновце
• Основно училиште – Браќа Разим и Хамид – Општина Шуто Оризари
• Детска Градинка – Јегуновце - Општина Јегуновце
• Детска Градинка Снежана - Општина Шуто Оризари
• Интернат за деца со посебни потреби - Вратница – Општина Јегуновце